Аталанта и Борусија со победи ќе се загреат пред реваншите од ЛШ

1002 Њукасл – Астон Вила (21.00 часот)

Њукасл е само еден бод над зоната на испаѓање, и после серија од четири меча без победа, добро би било за Чавките ако триумфираат. Астон Вила е во променлива форма, во последните три кола имаше по една победа, реми и пораз. Астон Вила со триумф, ќе го стигне Ливерпул кој е осми на табелата. Њукасл на последните пет домашни мечеви, и даваше и примаше гол. Астон Вила 16 години не победила на „Сент Џејмс парк“, а нивните гостувања се неефикасни во последно време (последните четири гостувања им завршија со 0-1 гол).

Предлог тип: 2-4 гола (1.56)

 

1702 Ремс – Лион (21.00 часот)

Ремс четири кола не знае за пораз, па се зацврсти во „златната средина“ на табелата. Лион се бори за титула, трети е, со три бода помалку од лидерот Лил. Есеноска во Лион, Лавовите победија со 3-0, Лион не знае за гостински пораз уште од 15-ти септември, но Лион традиционално има проблеми на гостувањата кај Ремс. Тука ремито некако делува како најреален исход, но типуваме дека Лион ќе даде два гола.

Предлог тип: Т2 2+ (1.63)

 

3002 Аталанта – Специја (20.45 часот)

Аталанта игра денеска, за да има повеќе време за подготовка за реваншот со Реал Мадрид во ЛШ, а можни се и калкулации со составот и одморање на некој од носителите на играта. Специја има четири меча по ред без победа, и барем на хартија, нема шанса во Бергамо. Аталанта загуби од Интер во минатото коло, но овојпат и без Запата и Хатебур кои се повредени, важи за голем фаворит. Есеноска овие два тима меѓусебе одиграа 0-0, но вечерва би требало да има голови.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.80)

 

1802 Аугсбург – Борусија Менхенгладбах (20.30 часот)

Борусија Менхенгладбах е во голем пад, има само еден освоен бод во последните пет кола, на прагот на испаѓање е од ЛШ, и бара излез од кризата. Аугсбург има ист број на примени голови со Борусија, но Гладбах е многу поефикасен тим, па затоа има и седум бода повеќе од баварците. Ако сака излез во Европа и во следната сезона, гостинскиот тим мора да победи и да го прекине постот од два месеци без победа во Бундеслигата.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

1302 Леванте – Валенсија (21.00 часот)

Како ретко кога низ историјата, Валенсија е најниско пласирана од трите екипи од овој град. Но, Лилјаците полека се извлекуваат од кризата, имаат две победи во последните три кола и се наоѓаат на два бода зад Леванте со кого имаат и слична гол-разлика. Двата тима имаат доста повредени играчи и суспендирани, би требало нашиот Барди да биде стартер кај домашните. Есеноска Валенсија го победи Леванте со 4-2. Валенсија од 10 јануари нема лигашка победа како гостин, но Леванте на свој терен пет години не ја победил Валенсија.

Предлог тип: ГГ (1.71)

- Оглас -

Најнови вести