Аталанта им се врати на победите и остана во игра за Европа, голманот на Верона буквално се посрамоти (Видео)

Екипата на Аталанта ја совлада Верона со 3-1 и ги задржа надежите дека може да стигне до пласман во Лигата на шампионите. Сепак, оваа победа за клубот од Бергамо е важна и воопшто за излезот во фудбалска Европа.

Верона поведе преку Лазовиќ, а потоа следуваше комплетен пресврт на домашните со головите на Запакоста, Пашалиќ и Хојлунд.

Посебно за истакнување е погодок на репрезентативецот на Хрватска, бидејќи голманот на гостите во обид да дрибла се посрамоти и му дозволи на противникот да дојде во водство од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести