Аталанта како до пред некоја година, ја предводи трката за четвртото место во Серија А (Видео)

Аталанта со убедливи 4-1 славеше на гостувањето кај Џенова, но третиот и четвртиот гол гостите ги дадоа длабоко во судиското продолжение кое траеше 15-тина минути.

Со новите три бода, Аталанта е осамена на четврта позиција и најавува враќање во Лигата на шампионите. Божицата има четири победи по ред.

Голот за Џенова ги даде Украинецот Малиновски, кој е екс член на Аталанта, па не славеше и крена рака во знак на извинување кој фановите од Бергамо.

Првите два гола за Аталанта беа мајсторски. Најпрвин Де Кетеларе со волеј погоди за 1-0, а потоа Копмајнерс даде гол од слободен удар за 2-1.

Де Кетеларе кој е роден 2001 година, има по шест гола и асистенции сезонава, во топ 5 лигите помлад од него со ваков учинок е само Букајо Сака. Погледнете го неговиот погодок:

https://twitter.com/i/status/1756731237253673183

- Оглас -

Најнови вести