Фудбалерите на Аталанта направија голем кикс, веројатно кога најмалку се очекуваше од нив, и одигра само 0-0 на домашен терен против Венеција. Екипата од Бергамо не успеа да го пронајде патот до мрежата на претпоследната екипа во Серија А, иако упатија дури 18 удари.
Аталанта со овој бод останува на третата позиција, со два, односно еден бод помалку од лидерскиот двоец Интер и Наполи, и пропушти голема шанса барем привремено да се искачи на врвот од табелата.
„Сино-црните“ од Бергамо до пред овој меч имаа серија од четири победи по ред против Венеција, а последен пат не успеале да ги победат во 2003 година.