Аталанта му одржа лекција по фудбал на Лацио (Видео)

Фудбалерите на Аталанта со 3:1 го совладаа Лацио во мечот од 23-тото коло во Серија А и се искачија на четвртото место на табелата со 39 бода. Лацио остана на 34 бода за деветто место на табелата.

Домашните фудбалери на „Гевис“ стадионот им одржаа лекција по фудбал на Лацио, надигрувајќи ги во сите сегменти на играта, имаа поголем посед на топката, упатија дури 19 шута од кои пет во голот на Проведел, а три завршија во неговата мрежа.

Од друга страна Лацијалите првиот шут во рамките на голот го упатија во 84-та минута преку капитенот Чиро Имобиле кој го реализира пеналот.

Аталанта победата ја најави уште во првото полувреме кога преку Пашалиќ во 16-тата и преку Де Кетеларе во 43-тата минути поведе со 2:0.

Во вториот дел, Белгиецот Де Кетеларе во 76-та минута зголеми на 3:0, а Лацио во финишот успеа да постигне почесен гол преку Имобиле.

- Оглас -

Најнови вести