Аталанта со шмекерски гол со петица во 95-та минута до трите бода против Милан (Видео)

Аталанта со голот во 95-та минута дојде до победата од 3:2 над Милан во еден од најинтересните мечеви во 15-то коло од Серија А.

Аталанта во три наврати имаше предност, а голот за победа го постигна во 95-та минута. Херој на Аталанта е Луис Муриел кој постигна шмекерски гол со петица.

Првите два гола за Аталанта беа дело на Адемола Локман, првиот го постигна во 38-та, а вториот во 55-та минута.

Милан во два наврати успеа да се врати, но не и да освои бод.
Прво Оливие Жиру во првото полувреме постигна гол за 1:1, а во 80-та минута, Лука Јовиќ погоди за 2:2.

 

Со овој триумф, Аталанта ја прекина лошата серија во мечевите со Милан, ова е прв триумф по пауза од пет меѓусебни дуели, и скокна на седмото место на табелата со 23 бода.

- Оглас -

Најнови вести