Атаман предизвика скандал во Турција, го исмеваше Фенербахче за поразот од Галатасарај (Видео)

Пријателскиот натпревар меѓу кошаркарите на Панатинаикос и Галатасарај се претвори во голем скандал во Турција.

Tренерот на Панатинаикос и актуелен селектор на Турција, Ергин Атаман, во еден момент со рацете покажувал броеви еден и три кон публиката, а оваа гестикулација се однесувала на резултатот од најголемото фудбалско дерби во Турција, во кое Галатасарај како гостин го победи Фенербахче со 1-3 за време на викендот.

Поради ова, кошаркарскиот клуб Фенербахче донесе ригорозна одлука и им забрани на своите играчи да настапуваат за турската репрезентација додека Атаман е селектор.

Инаку, познато е дека Атаман е долгогодишен навивач на Галатасарај.

„Целта на оваа личност е јасна, со неговиот карактер, став и стил. Она што го направи пред милиони гледачи е целосно спротивно на неговиот идентитет како селектор на националниот тим. Репрезентацијата е нашиот тим. Секој што е дел од тимот мора да биде свесен за ситуацијата и да биде одговорен. Овој потег е големо непочитување кон нашата заедница, кон угледот на селекторот, па дури и кон нашата земја. Ја информираме јавноста дека одлучивме да не испраќаме спортисти во машката репрезентација за време на неговиот мандат на оваа позиција, за која се потребни квалитети како што се угледност и непристрасност!“, се вели во соопштението на Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести