Атаман: Тоа што му се случи на Реал минатата сезона е срам за Евролигата

Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, во интервју се пофали дека по неговото доаѓање во Ефес завршија доминацијата на Фенербахче во турската кошарка, а жестоко ги критикуваше трансферите среде сезона кога играчи од Европа заминуваат во НБА.

Во минатата сезона, Реал Мадрид среде сезона остана без Факундо Кампацо и Габриел Дек, а Елајџа Брајант го напушти Макаби за да замине во најсилната лига на светот. Атаман вели дека НБА клубовите го барале и Василије Мициќ, но Србинот остана во Европа и го однесе Ефес на европскиот трон.

„Шоу бизнисот во НБА е на високо ниво, би сакал и Евролигата во иднина да го достигне тоа ниво. Голема грешка е кога важни играчи среде сезона заминуваат во НБА, за мене тоа е неприфатливо. За пазарот и угледот на Евролигата, тоа што се случи во минатата сезона со Реал Мадрид, е неприфатливо“ – рече Атаман.

- Оглас -

Најнови вести