Македонија со победа од 2-0 и три бодови се враќа од гостувањето кај Малта. Во септемврискиот прозорец освоивме четири од можните шест поени и се вративме во игра за втората позиција на табелата, која носи пласман на Европското првенство.
Еден од најдобрите на теренот на дуелите против Италија и Малта беше Јани Атанасов.
„Дадовме сѐ од себе, на теренот делувавме компактно како екипа и на крајот освоивме заслужени три бода. Покажавме дека знаеме да играме под притисок. За Македонија сме секогаш тука и секогаш оставаме срце на терен. Ги исполнивме сите задачи на селекторот и бевме одлични во завршницата и заслужено победивме“, изјави репрезентативецот на Македонија, Јани Атанасов.