Атлетичарот Јакимовски во добротворна акција со Sport Life

Хуманитарната акција на Sport Life и Спорт Манија продолжува и овој викенд. Овојпат во пресрет ни излезе едно од заштитните лица на Sport Life обложувалници и познатиот атлетичар, Игор Јакимовски, кој се надева дека оваа соработка ќе биде успешна, а со помош на неговите типови ќе ја исполниме целта да донираме средства во добротворни цели.

Иако атлетиката му е во прв план и голем дел од времето го поминува подготвувајќи се за новите предизвици, како лични така и со неговиот колега Дарио Ивановски, Игор знае да го искористи слободен викенд да состави тикет и да седне пред телевизор да проследи неколку фудбалски мечеви.

„Можам да кажам дека сум редовен типувач, но поубаво ми е кога имам слободно време да седнам пред ТВ и да ги проследам натпреварите кои ги уплаќам. Така е поинтересно, со посебна жар се следат мечевите, а нормално уште поубаво е кога тикетот е добитен. Кога немам обврски, викендот најчесто така го поминувам. Знам и да комбинирам фудбал со кошарка, поточно да се обложам на мечеви од НБА лигата“, вели Игор.

Јакимовски ги издвои Баерн Минхен и Ајакс како екипите поради кои ја почувствувал љубовта кон фудбалот. Баварците ги следи долги низ години, а како посебен лик го издвои Оливер Кан.

„Имам и тим кој ми е посебно драг. Израснав следејќи го Баерн Минхен. Уште од порано ми се допаѓаше сè во врска со германскиот гигант. Нивната историја, успесите, играчите кои со срце играа за дресот. Посебен впечаток ми остави Оливер Кан. Неговата желба за победа, професионализмот и неговото влијание врз екипата се нешто што во денешно време ретко се гледа во фудбалот. Во изминатиов период поретко ги следам бидејќи не ми се допаѓаат некои работи како отстапување од сопствената политика, нешто по што Баерн е познат, меѓутоа од навивачки аспект не ги запоставувам. Исто така ми се допаѓа Ајакс, но од времето кога Златан Ибрахимовиќ како млад талент играше за Копјаниците. Таа генерација имаше голем квалитет и потенцијал. Добро се сеќавам на слаломот на Златан против Бреда, тој гол е еден од најдобрите кои сум ги видел“, додаде Игор.

Успешниот атлетичар состави тикет комбиниран од најпопуларните лиги во Европа, а не изостави да уфрли и меч од холандската лига, која е позната по негувањето на атакувачки фудбал, што е добро за обложувачите кои чекаат голови.

Токму таква е неговата филозофија за добротворниот тикет, игра на голови за поголеми добивки, а се надеваме дека со неговите седум типови кои носат квота од 64.02 ќе бидат успешни.

 

- Оглас -

Најнови вести