Атлетик даде три гола, му се брои само еден за реваншот со Гранада (Видео)

Атлетик Билбао ќе патува со предност од 1:0 за Гранада на реванш-дуел во полуфиналето на шпанскиот куп, а клучен за победа на домаќините на „Сан Мамеш“ беше погодокот на Икер Мунијаин во финишот на првото полувреме.

Ињаки Вилијамс, кој игра во топ-форма, одлично му асистираше на стрелецот на единствениот гол во 42-рата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=iu0dzkTUnuQ

Атлетик постигна уште два гола, но беа поништени по прегледување на спорните моменти со помош на ВАР-системот.

Реваншот ќе се игра на „Лос Карменес“ во Гранада на 5 март.

Утре од 21 часот во Сан Себастијан ќе почне вториот полуфинален двомеч во Копа дел Реј меѓу Реал Сосиедад и Мирандес.

- Оглас -

Најнови вести