Атлетик им се врати на победите, без проблеми го победи фенерџијата (Видео)

Екипата на Атлетик Билбао после тешкиот пораз во баскиското дерби од Реал Сосиедад со 3-0, успеа да се врати на победничките патеки и на “Сан Мамеш“ го победи фенерџијата Алмерија со убедливи 3-0.

Победата ја најави Горка Гурусета уште во 10-тата минута, а домашните во второто полувреме постигнаа уште два погодока. Дани Гарсија во 63-тата зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Ојхан Сансет во 81-вата.

Со оваа победа Атлетик Билбао се искачи на четвртата позиција во Ла Лига со 17 бодови, но оваа позиција може да ја загуби викендов, бидејќи нивниот дуел против Алмерија беше прв од деветтото коло.

- Оглас -

Најнови вести