Атлетико – Челзи ќе се игра во една балканска земја?

Екипата на Атлетико Мадрид ја мачат позитивните тестови на корона-вирусот, па лидерот на шпанската лига не знае вечерва против Селта на кои играчи ќе може да смета бидејќи има уште двајца нови заразени со ковид-19, тоа се Лемар и Ерера, покрај неколкуте од претходно потврдени, но во клубот ги мачи уште една работа. Не знаат дали ќе можат во Мадрид да го пречекаат Челзи во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Веќе е потврдено дека мечот Лајпциг – Ливерпул наместо во Германија, ќе се игра во унгарската престолнина Будимпешта, а според романските медиуми, 90 проценти е сигурно дека Атлетико и Челзи силите ќе си ги одмерат во Букурешт.

Романската федерација дала дозвола тој меч на 23 февруари да се игра на најголемиот стадион во Романија. Тоа е стадионот на кој македонската репрезентација треба да дебитира на ЕП во јуни.

- Оглас -

Најнови вести