Атлетико ќе заработи дополнителни 180 милиони евра и тоа без да продаде ниеден играч

Еден од најактивните клубови во летниот преоден рок е Атлетико Мадрид. Јорганџиите успеаа да продадат еден играч за 120 милиони евра, но потрошија и преку 100 милиони евра за доведување на еден играч. Од Мадрид си замина првиот напаѓач Антоан Гриезман, а на негово место дојде Жоао Феликс од Бенфика.

Вкупно, од летниот преоден рок, Атлетико од продажба на играчи заработи 280 милиони евра, додека за доведување на нови фудбалери беа потрошени 176 милиони евра. Тоа значи дека досега има заработка од повеќе од 100 милиони евра.

Освен парите од нови играчи, Атлетико во следниот период се очекува да заработи нови 180 милиони евра и тоа без за продаде ниту еден играч. Тоа ќе биде благодарение на стадионот стадион „Висенте Калдерон“ кој од пред неколку месеци е затворен. „Висенте Калдерон“ е стадионот на кој Атлетико како домаќин играше од 1959 година.

Изградбата на новиот стадион „Ванда Метрополитано“ чинеше 240 милиони евра, но сега следуваат внесување на приходи во клупската каса и тоа од продажбата на земјиштето на кое беше стариот стадион. Две парцели на кои се наоѓа стадионт стадион, веќе се продадени за 100 милиони евра, а преостанува да се продаде уште најголемата парцела. Нејзината површина е 28.481 квадратни метри од вкупно 63.076, колку што завзема целото подрачје околу стадионот „Висенте Калдерон“. Најголемата парцела се очекува да биде продадена за 80 милиони евра, што значи дека вкупната заработка од продажбата на земјиштето ќе биде 180 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести