Атлетико Мадрид подготвува изненадување во септември

Атлетико Мадрид подготвува уште едно изненадување за самиот финиш на летниот преоден рок, а за втори септември е подготвен договор за Дани Олмо.

Атлетико одлично се засили во овој преоден рок, ѕвезда беше Жоао Феликс, кој пристигна на „Ванда Метрополитано“ за 126 милиони евра од Бенфика, а тука се и Лоди, Хермосо, Родриго и сега Олмо во најава.

Шпанецот играше блескаво за младата селекција и стана европски првак во Италија, а игра неверојатно добро во континуитет.

Радио „Кадена сер“ објави дека луѓе од Атлетико Мадрид долго ги следат настапите на Олмо, а ги воодушевил на ЕП за играчи до 21 година.

За Олмо, Динамо Загреб бара отшета од околу 25 милиони евра, а досега Ајакс понуди најмногу, 22 милиони евра. Рекорд на Динамо Загреб е продажбата на Марко Пјаца во Јувентус за 23 милиони евра, а ако се реализира трансферот на Олмо во Атлетико, сигурно ќе биде урнат клупскиот рекорд на хрватскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести