Атлетико нема да загуби од Јуве, Сити ќе слави во Гелзенкирхен

Квотите на денот кои ги нуди SPORT LIFE најавуваат дека Атлетико Мадрид нема да загуби од Јувентус, но средбата нема да заврши без голови, додека Манчестер сити по 90-те минути во Гелзенкирхен, треба да обезбеди мирен реванш.

Освен двата меча од ЛШ, предлагаме денеска да типувате и на мечот од Лигата на Европа, како и на средби од француската лига и англиската Шампионат лига.

 

Атлетико Мадрид – Јувентус (21.00 часот)

Атлетико како домаќин нема загубено на последните девет соочувања со италијански ривали, а во последните пет победуваше. Сепак, вечерва гостин му е Јувентус, во чии редови е и Кристијано Роналдо, кој на 31 меч против „јорганџиите“, дал 22 гола и добро знае како е да се гостува и да се погодува против тимот на Симеоне. Овие екипи меѓусебе играле само во 2014 година, кога на двата меча падна само еден гол, и тоа во мрежата на „старата дама“.

Предлог тип: 1Х & 2+ (2.25)

 

Шалке – Манчестер сити (21.00 часот)

Тука нема дилеми дека големи фаворити на хартија се гостите. Откако го растурија Челзи со 6-0, самодовербата кај Сити е на високо ниво. Шалке се мачи во нападот, за разлика од англискиот првак. За германскиот тим и пласманот во осминафиналето е успех, тешко дека ќе стигнеше тука да не беше во најлесната група во првата фаза.

Предлог тип: 2-2 & 0-4 (2.50)

 

Севилја – Лацио (18.00 часот)

Андалузијците се експерти за двомечи во Лигата на Европа, а имаат и предност од 1-0 од првиот меч на „Олимпико“. Сепак, Лацио нема лесно да се предаде, иако има проблеми со повредите. Традицијата ја фаворизира Севилја, која исто така нема да биде комплетна и нема да смета на Нолито и Банега. Лацио загуби седум од осумте меча на шпанско тло.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

Бордо – Генгам (19.00 часот)

Домашните се во многу подобра позиција бидејќи на Генгам веројатно не му бега преселба во втора лига. „Жирондинците“ во минатото коло прекинаа црна серија од три порази по ред, па сега имаат можност да почнат серија победи за зацврстување во средината. И традицијата гарантира „кец“, Генгам само во 2000 година победил во Бордо.

Предлог тип: 1 & 0-4 (2.10)

 

Дерби – Милвол (20.45 часот)

Ова е судир на два тима со сосема различни амбиции. Дерби атакува кон плејофот, а Милвол со сите сили се бори за опстанок. Двата тима се на двата бода од своите зони. Милвол пет кола не знае за победа, но добро игра во ФА купот, каде што стигна до четврт-финале. Дерби дома два месеца не знае за пораз.

Предлог тип: 0-2 гола (1.85)

- Оглас -

Најнови вести