Атлетико пак се посрамоти, не погоди ниту против тим кој досега на сите гостувања примаше гол

Атлетико Мадрид на свој терен одигра само 0-0 против Леганес, и направи уште еден чекор кон назад во трката за титулата во шпанскиот фудбалски шампионат. Ова е трети дебакл по ред за тимот, после киксот со Леванте, и бруката во купот против нисколигашот Културал Леонеса.

Најголемиот проблем за екипата на Диего Симеоне е што има катастрофална реализација, иако во своите редови има играчи кои имаат голем напаѓачки потенцијал. Атлетико на дури десет натпревари во сите натпреварувања сезонава нема дадено гол, а на дури 12 меча сезонава во лигата имаше резултат 0-0 по првото полувреме.

Леганес нема победа на гости сезонава и првпат успеа да ја зачува својата мрежа не затресена. Со овој бод, Леганес последното место му го препушти на Еспањол, кој истотака има 15 бода, но нешто полоша гол-разлика од мадридскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести