Атлетико сака да го врати Гриезман, Барса за возврат им го бара Жоао Феликс

Атлетико Мадрид е на прагот да освои шампионска титула во шпанското првенство и ако успее во тоа, еден од најзаслужните ќе биде Луис Суарес, кој лани дојде од Барселона, па сега Јорганџиите повторно сакаат да купат играч на Барса, и тоа оној „предавникот“, кој си замина за 120 милиони евра, Антоан Гриезман.

Во Атлетико уште жалат по францускиот напаѓач, кој играше за нив од 2014 до 2019 година и биле заинтересирани да го вратат во своите редови. Популарниот Гризи не се снајде во Барселона, иако има повремени блесоци, особено оваа сезона. Неговиот најголем проблем е што Лионел Меси не сакаше Барса да го купи Гриезман и некако уште од почетокот нивните односи беа строго професионални.

Од друга страна, Барселона нема ништо против да му го врати назад Гриезман на Атлетико, се разбира, за голема сума на пари или ако од Атлетико го добие Португалецот Жоао Феликс, кој дојде како еден од најголемите светски таленти, но не ги оправда очекувањата и улогата во тимот му е епизодна.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави голема реконструкција на тимот, но тврди дека ќе го задржи Меси. За да го задоволи Меси, ќе треба да го продаде Гриезман и да донесе играчи по негов вкус за партнер во нападот, а еден од тие треба да биде Серхио Агуеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести