Атлетико традиционално има една слаба точка, а Селта го удри токму во неа

Атлетико Мадрид синоќа во финишот против Селта испушти два бода играјќи нерешено 2-2. На Јорганџиите вчера не им беше денот, па резултатот и не е толку шокантен ако се следи една традиција која го прогонува тимот на Диего Симеоне.

Не е толку проблем што беа некомплетни поради неколку играчи позитивни на ковид-19, не е проблем и што одбраната им потфрли со примање два гола, што ретко се случува, колку што на Атлетико понеделник не му е омилен ден за играње. Буквално не им е денот. Од последните четири лигашки меча кои Атлетико ги играл во понеделник, никогаш не победил. Во 2014 кога играа во понеделник против Рајо, одиграа 0-0, во 2016 загубија од Вилјареал, па во 2018 година реми со Валенсија и синоќа повторно нерешено.

- Оглас -

Најнови вести