Атлетико води против Кралевите со голот на поранешниот играч на Реал (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид имаат водство од 0:1 по првото полувреме од четвртфиналето на шпанскиот Кралски куп против Реал Мадрид.

Стрелец на единствениот гол беше поранешниот напаѓач на Кралевите, Алваро Мората во 19-тата минута.

Единствената шанса за израмнување во првиот дел, Реал Мадрид ја имаше во 32-рата минута, но шутот на Едер Милитао заврши над голот на Облак.

- Оглас -

Најнови вести