Атрактивната Дилета го советува Кариус да бара нов клуб, а причината е необична

Една од најатрактивните спортски новинарки во Италија, Дилета Леота. побарала од своето момче Лорис Кариус да си замине од тимот на Њукасл. Дилета и Кариус неодамна добија дете, но поради работните обврски на двајцата, тие живеат одвоено.

Водителката очигледно не може да го поднесе фактот дека сама треба да внимава на бебето, па Дилета побарала од голманот да најде нов клуб, ако е можно тоа да биде во Италија.

За водителката е неприфатливо Кариус да остане во Њукасл затоа што од Њукасл нема директни авионски летови ниту за Милано, ниту за Амстердам, ниту за Париз. Поради ова, вереницата на Кариус мора многу да патува за да дојде до градот во којшто игра таткото на нејзиното дете.

Актуелниот договор на Кариус истекува на крајот од сезоната, па тој како слободен играч во летниот преоден рок ќе може да најде нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести