Шпанскиот медиум „Ел Kонфидентиал“ деновиве објавува „аудиобомби“ во кои главната улога ја има Флорентино Перес и неговите озборувања кон легендите на Кралскиот клуб.
Први на удар беа Касилјас и Раул, денес се објавија разговори на Перес и неговото искрено мислење околу Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, а во најновите снимки ги обвинува агентот Жорж Мендеш и претседателот на Порто, Пинто да Коста, за перење пари преку неколку трансфери.
Перес за пример го зеде ангажманот на Пепе од Порто во 2007 година, кога на чело на Кралскиот клуб беше Рамон Калдерон.
„Сумата од 30 милиони сигурно беше исплатена на сметка на Порто, а понатаму не знам што се случи со парите. Со Мендеш секоја соработка е чудна, кој воедно е претставник на претседателот на Порто. Кога ги наплаќаа ангажманите на Жозе Мурињо, Рикардо Карвалјо и Пауло Фереира, од Абрамович, односно Челзи, парите завршија на сметка во швајцарска банка“, вели Перес во новата „аудиобомба“.