Македонски ден во Турција – Аврамовски доминираше на „Кадир Хас“, со два гола го потопи Денизли, стрелец е и Јаховиќ

Даниел Аврамовски доминираше на стадионот „Кадир Хас“ во Кајзери и со два гола го предводеше својот тим до значајна победа во битката за опстанок.

Кајзериспор славеше со 6:3 против Денизлиспор, а нашиот репрезентативец ги постигна првите погодоци за својот сегашен тим.

Аврамовски беше прецизен во 10-тата минута за предност на домаќините од 2:0, а потоа беше прецизен и во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме, во тој момент за 3:1.

За македонскиот репрезентативец ова беше 20-тиот меч во дресот на Кајзериспор, најдобар досега, а конечно успеа и да се запише во листата на стрелците.

Кајзериспор со денешната победа успеа да побегне од опасната зона за испаѓање. Стрелец попладнево беше и Адис Јаховиќ, кој го постигна единствениот гол за Ѓозтепе во ремито 1:1 против Трабзонспор.

 

 

- Оглас -

Најнови вести