Австралија и Катар го откажаа учеството на Копа Америка

Фудбалските репрезентации на Катар и Австралија го откажаа учеството на Копа Америка и тие нема да бидат дел од јужноамериканскиот турнир. Овие две селекции требаше да бидат учесници како гости на КОНМЕБОЛ федерацијата, но сега ќе мора да се бараат нови учесници.

Копа Америка требаше да се одржи минатата година, но поради пандемијата со корона-вирусот, турнирот беше одложен за оваа година, и тоа во период од 12 јуни до 12 јули.

Генералниот секретар на КОНМЕБОЛ, Гонсало Белосо, откри дека ќе мора да се најдат два нови учесника, но ако не се најдат квалитетни селекции, Копа Америка ќе се одигра со 10 наместо со планираните 12 селекции.

 

- Оглас -

Најнови вести