Австралијците уапсија невакцинирана тенисерка и ја однесоа во хотелот кај што е Новак

Драмата во Австралија со невакцинираните тенисери продолжува.

По сето ова што се случува со Новак Ѓоковиќ изминативе денови, тамошната полиција продолжува со апсењето на најдобрите светски рекети кои што треба да учествуваат на ОП на Австралија.

Нова „жртва“ е Рената Ворачова, моментално 81-та тенисерка во светот која исто така нема примено вакцина против Ковид-19, но на нејзе најпрвин и беше дозволен влез во оваа држава благодарение на основа дека го има прележано овој вирус во последниот месец.

Таа успеа и да одигра подготвителен турнир, но, сега е однесена во хотелот каде што се наоѓа токму Ѓоковиќ и нејзината иднина за тоа околу настапот во Мелбурн останува неизвесна.

- Оглас -

Најнови вести