Голманот на Лацио направи чудо и одбрани четири пенали за пласман во финалето на Купот

Аталанта и Лацио вкупно одиграа 210 минути во двата меча од полуфиналето на Купот на Италија, но победник немаше, па патникот во финалето мораше да се решава по подобро изведување на пенали. Во пенал рулетот, посреќни, поскнцентрирани, подобри беа фудбалерите на Лацио кои победија со 2:1. Во големото финале Лацио ќе игра против Интер.

Младиот голман на Лацио, Едуаро Мота беше херој на оваа драма. Младиот 21-годишен голман на Лацио одбрани неверојатни четири пенали и го трасираше патот на својот тим во финалето на Купот.

Во пресрет на денешниот меч во Бергамо, првата средба во Рим заврши 2:2. на реваншот немаше голови до самиот финиш, кога во 84 минута Ромањоли погоди за водство на Лацио со 1:0 и вкупен резултат 3:2 за тимот од Рим. Сепак, радоста на гостите траеше многу кратко.

Само што Аталанта тргна од центарот, даде гол, а стрелец беше Пашалиќ за 1:1, односно 3:3 во вкупниот резултат, па мораше да се играат дополнителни 30 минути. Откако резултатот не се смени, победникот мораше да се реши на пенали, а таму херој беше Мота.

КАКО СЕ ОДВИВАШЕ ДРАМАТА НА ПЕНАЛИ

1:0 Распадори погоди за 1:0 за Аталанта.

1:0 Нуњо Тавареш промаши за Лацио во првата серија

1:0 Скамака промаши за Аталанта во втората серија

1:0 Каталди погоди статива во втора серија за Лацио

1:0 Запакоста промаши за Аталанта во трета серија

1:1 Исаксон погоди за Лацио во третата серија

1:1 Пашалиќ промаши за Аталанта во четвртата серија

1:2 Тејлор погоди за Лацио во четвртата серија

1:2 Де Кетелате промаши за Аталанта

 

- Оглас -

Најнови вести