Австрискиот репрезентативец Кевин Данзо беше виден како нов играч на Рома. Фудбалерот на Ленс дојде во Рим на лекарски прегледи како последна формалност пред потпишувањето на договорот, но тогаш дојде шокот и за играчот и за клубот.
Резултатите од прегледите не ги исполнувале критериумите на Рома. Не се знае што точно не било добро кај Данзо, но во вакви случаи обично станува збор за некаква срцева мана. Особено во Италија се строги по ова прашање, како што е познато, и Кристијан Ериксен мораше да замине од Интер затоа што во Серија А е забрането да игра некој со вграден дефибрилатор во срцето.
По пропаѓањето на овој трансфер, Волчицата веднаш тргна да бара ново засилување за средниот ред и изборот падна на Ману Коне од Борусија Менхенгладбах.
Коне играше за Франција на олимпискиот турнир во Париз, а доби повик и за А тимот за дуелите од Лигата на нациите.