Австрија рутински повторно ја победи Македонија, вечерва во Виена со 2:1 и си обезбеди пласман на Европското првенство 2020 година.
Со головите на Давид Алаба во седмата минута и на Стефан Лајнер на почетокот на второто полувреме домаќините славеа победа со која си го визираа пасошот за континенталниот европски фудбалски собир во 2020 година.
Македонија имаше многу проблеми со суспендирани и повредени играчи, па и не можеше повеќе вечерва на „Ернст Хапел“. Првото полувреме го одигравцме слабо, без ниту еден директен удар кон голот на Австријците.
https://twitter.com/Sebbe2704/status/1195797234820042753?s=20
По предноста од 2:0 на домаќините имавме и шанси за брз гол и да се вратиме во игра барем за реми, а почесен гол за нас постигна дебитантот Влатко Стијановсми во последните мигови од играта.
Претходно Барди се обиде со директен удар од корнер и за малку ќе го изненадеше Александер Шлагер.
По него на двапати и Влатко Стојановски имаше добри шанси за погодок, но еднаш го промаши голот, а во вториот обид Шлегер со прекрасна интервенција не му дозволи да се радува на гол во дебитантскиот настап. Сепак играчот на Ним успеа со убав удар со глава да ја затресе домашната мрежа со што потврди дека е перспектива на Македонија.
Нашата репрезентација ќе го одигра последниот меч во квалификациите за ЕП 2020 против Израел на 19. ноември и со победа може да биде третопласирана селекција во нашата група.
Услов за тоа е Словенија која денеска ја победи Летонија да загуби на гостувањето во Полска, а ние да го победиме Израел, кој денеска загуби од Полска со 1:2.