Австриското Гран при останува дел од календарот на Мото ГП

Мото ГП ја продолжи соработката со патеката „Ред бул ринг“ во Австрија до 2025 година. На оваа популарна патека и во иднина ќе се одржуваат трките од кралската класа. Претходниот договор важеше до 2020 година, но по продолжувањето на соработката станува јасно дека и во иднина ќе ги гледаме најдобрите возачи на австриското тло.

Ова Гран при се врати во календарот на Мото ГП во 2016 година по 19 години пауза, и се наметна како најдобра и највозбудлива трка на шампионатот.

Инаку, токму на оваа патека денес ќе се одржи 11-тата трка од овогодинешниот шампионат на Мото ГП. Трката стартува во 14 часот, а актуелниот светски првак Марк Маркес ја има пол-позицијата и ќе атакува на седмата овозесонка победа.

- Оглас -

Најнови вести