Азар е успешно опериран – Паузата ќе биде долга, Белгиецот не игра на ЕП

Еден Азар е успешно опериран во Далас по тешката повреда и напукната фибула на глуждот на дуелот со Леванте во Ла Лига.

Белгиецот сега ќе мине подолг период на рехабилитација, а според пишувањето на шпански „АС“, за него сезоната е завршена и веројатно нема да игра ниту на Европското првенство за својата репрезентација.

Според шпанскиот медиум, паузата за рехабилитација ќе биде околу три месеци, па во таков случај нема шанси Азар да биде подготвен за ЕП што ќе се игра од 12 јуни до 12 јули.

Азар и претходно имаше повреда на глуждот, па имаше пауза и сезонава и малку играше за Реал Мадрид, клубот што го плати Белгиецот 100 милиони евра при трансферот од Челзи.

- Оглас -

Најнови вести