Азар на тренинг е како успорена снимка (Видео)

Еден Азар има навистина турбулентна сезона. Белгискиот репрезентативец лани потпиша за Реал Мадрид и требаше да биде големо засилување, но некако не се снајде најдобро. Азар најпрво имаше проблем со вишокот килограми, потоа му требаше време да се прилагоди на новата средина, а кога тоа му тргна, се повреди.

До прекинот на сезоната, Азар одигра само 10 првенствени меча за Реал и даде само еден гол. Белгиецот закрепна по повредата на зглобот и сега повторно е на тренинг, но интересна беше снимката на која се гледа како тој тренинра. Азар ја води топката меѓу сталки, а се гледа дека тоа го прави исклучително бавно, а и шутот кон голот му е многу полека. Едноставно, коментарите се дека личи како Азар да е на некоја успорена снимка.

- Оглас -

Најнови вести