Азар немаше милост кон новите соиграчи од Реал (Видео)

Реал Мадрид плати 100 милиони евра за да го доведе Еден Азар од Челзи на „Сантијаго Бернабеу“. Кралскиот клуб со овој трансфер ја исполни желбата која ја имаше со години, Азар да игра за најтрофејниот шпански клуб.

Азар брзо се вклопи во новата средина и веднаш ги запозна соиграчите со техниката која ја користи.Уште на првите неколку тренинзи, поголем дел од дефанзивците на Реал не можеа да го сопрат Азар и паѓаа покрај неговите дриблинзи.

Азар се очекува да дебитира за Реал Мадрид на пријателски дуел против Баерн Минхен, кој е закажан за 20 јули во Хјустон, САД.

- Оглас -

Најнови вести