Азар пред 10 дена стави крај на кариерата, а сега се појави на терен и даде гол, дури имаше и шест асистенции (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на белгискиот фудбал, Еден Азар, неодамна и официјално ја заврши играчката кариера, но реши да остане активен на теренот. Во првиот меч како пензиониран фудбалер Азар имаше свое шоу.

На меч од хуманитарен карактер во Париз, пред околу 5.000 гледачи, тимот на Азар славеше со 11:2, а Белгиецот беше најдобар на теренот постигнувајќи еден гол, а имаше и шест асистенции. Уште во првото полувреме Азар даде еден гол, а имаше дури пет асистенции за убедливо водство од 7:0.

Една од асистенциите беше кон таткото на Килијан Мбапе, Вилфред, кој покажа дека знае да постигне гол како што тоа често го прави неговиот прославен син.

Освен Азар, на теренот беа уште многу други прославени фудбалери, како Лудовик Жили, Дидие Дешан, Матие Дебуши, Лорен Блан, Клод Пол, Даниел ван Бајтен, Кристијан Карембе, Јенс Леман… Од билетите биле собрани околу 15.000 евра за помош на деца и тинејџер во една тамошна болница.

Кариерата на Азар може да се подели на два дела. Додека беше во Челзи, се прослави со своите игри и имаше 110 голови и 92 асистенции во 352 меча). Потоа замина во Реал Мадрид за трансфер од 115 милиони евра. Кариерата во Кралскиот клуб му тргна во надолна линија. Имаше чести повреди, формата му падна и одигра само 76 натпревари, во кои имаше биланс само од седум гола и 12 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести