Азар се сели во Дортмунд

Офанзивецот на Борусија Менхенгладбах, Торган Азар, се согласил на преселба во редовите на Борусија Дортмунд. Тој ќе претставува замена за Кристијан Пулишиќ, кој во претстојното лето ќе замине за Лондон, каде што ќе ги брани боите на Челзи, додека сумата на трансферот на Азар ќе изнесува околу 40 милиони евра.

Торган игра одлично во дресот на Менхенгладбах, забележа девет погодоци и 10 асистенции во Бундеслигата оваа сезона, но неговиот учинок значително опадна во вториот дел од сезоната. Не само тој, потфрли цел тим на Менхенгладбах, во декември беа втори во Германија, а сега на шест кола до крајот на шампионатот, се наоѓаат на петтото место на табелата.

Откако заигра за бундеслигашот во 2014 година, Азар на 176 меча запиша вкупно 45 гола и 43 асистенции на своето конто. Менхенгладбах направи одлична зделка и ќе оствари голем профит од овој трансфер бидејќи му исплати само осум милиони евра на Челзи за во целост да го откупи неговиот договор, откако Белгиецот една сезона играше како позајмен играч, а во 2015 и официјално да биде член на екипата од Борусија.

- Оглас -

Најнови вести