Азар со два гола ги реши сите дилеми во Баку: Челзи води со 4:1

Поминаа 26 минути во второто полувреме од финалето во Лигата на Европа, а веќе има пет погодоци. Челзи води со 4:1 против Арсенал, иако на полувремето резултатот беше 0:0. По головите на Жиру и Педро, со кои Челзи стигна до 2:0, „сините“ со погодокот на Еден Азар зголемија на 3:0.

Ронка надеж за Арсенал стигна по погодокот на Ивоби, но многу брзо потоа Азар повторно стапи на сцена. Белгиецот со својот втор гол на мечот донесе предност од 4:1 за Челзи на помалку од 20 минути до крајот на финалето во Баку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести