Азар упати искрена порака до навивачите на Реал Мадрид

Реал Мадрид синоќа беше елиминиран во полфиналето од Лигата на шампионите откако загуби со 2:0 на гости во Лондон кај Челзи. Азар, кој се прослави во дресот на Челзи, синоќа одигра 89 минути во дресот на Реал Мадрид, но и тој се вклопи во сивилото на Кралевите.

Навивачите на Реал не му замерија на Азар за настапот, туку за неговата реакција по завршување на мечот. Азар смеејќи се им честиташе на своите поранешни соиграчи за пласманот на Челзи во финалето. Ваквото негово однесување наиде на револт кај фановите на Реал, кои го нападнаа на социјалните мрежи со разни коментари. Азар реши да се извини, и тоа преку социјалните мрежи.

„Жал ми е. Прочитав многу мислења за мене денеска и немав намера да ги навредам навивачите на Реал Мадрид. Секогаш ми било сон да настапувам за Реал Мадрид и дојдов тука за да победувам. Сезоната не е готова и заедно мораме да се бориме за Ла Лига! Хала Мадрид“, беше пораката од Азар.

 

- Оглас -

Најнови вести