Имаат убава традиција на „Ренцо Барбера“: Италија на последниот меч во Палермо даде дури ДЕВЕТ гола!

Палермо и стадионот „Ренцо Барбера“ утревечер ќе бидат центарот на фудбалска Италија, но и на Македонија. Актуелниот европски првак и четирикратен светски владетел ќе игра против нашата репрезентација во баражот за пласман за Светското првенство во 2022 година.

Италија не случајно одбра овој бараж-меч, по кој нема поправен, да се игра во Палермо. Стадионот „Ренцо Барбера“ е таличен за Италија. Во последните 10 години, Италија петпати играла во Палермо како домаќин и победила на сите пет средби.

Последен пат Италија во Палермо играше на 18 ноември 2019 година, кога со 9:1 ја растури Ерменија. Тоа беше последен меч од квалификациите за ЕП 2020 година. Аѕурите беа без милост кон противникот и победија со 9:1, триумф кој беше како најава за тоа дека селекцијата е подготвена да биде и европски првак.

Освен триумфот над Ерменија со 9:1, Италија во Палермо во изминатава деценија ги победуваше и Албанија со 2:0 во 2017, Бугарија со 1:0 во 2015 година, додека протитв Азербејџан славеше со 2:1 во 2014 година, а со 1:0 ја победи Бугарија и во 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести