Аѕурите ни покажаа како се врти меч против Естонија

Естонија беше блиску до втор триумф во квалификациите, но сепак Италија успеа со пресврт да слави во Талин при конечни 87:81. Аѕурите доста се намачија за втората победа со која си ги зголемија шансите за пласман на Евробаскетот 2021.

Домаќините тргнаа офанзивно и речиси цела втора четвртина одржуваа двоцифрена предност која еден период беше +14. Италијанците потоа направија серија од 10-3 и се вратија во игра, за во одлучувачкиот период комплетно да ја преземат контролата и да ја осигураат победата.

По првиот квалификациски циклус, Италија е прва во групата Б со 4 бода, Русите по триумфот над нашата селекција застанаа на второто место со 3 бода, исто колку што има и Естонија, додека Македонија е последна со 2 бода и два порази.

- Оглас -

Најнови вести