Баер одлично вози на „Мерцедес Бенц“ арена во Штутгарт

Александар Васоски го подготви новиот тикет со анализа и предлог типови на пет меча од 29. коло во Бундеслигата и очекува рехабилитација на Борусија Дортмунд по дебаклот од Баерн, продолжување на серијата на Баер кога гостува кај Штутгарт, прекин на изненадувачки лошата низа на Вердер во дуелите со Фрајбург, голови во мрежата на Хановер и ефикасен меч во Лајпциг.

Хановер – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

Иако гостите се во мала криза во финишот на првенството и немаат победа на три меча по ред, според мене се многу поквалитетен тим од Хановер и се поблиску до победа.

Хановер е очаен сезонава и има само три победи во Бундеслигата на 28 натпревари и сите три му се на домашен терен. Серијата од 8 порази по ред што се уште е актуелна го води последнопласираниот тим во Германија кон Втората лига. Очекувам гостите да постигнат најмалку два гола против убедливо најслабата одбрана.

Предлог тип: Т2 2+ (1.53)

 

Лајпциг – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Ова е интересен дуел на две екипи кои играат отворен фудбал и со офанзивен пристап успеаја да бидат во горниот дел на табелата.

Лајпциг е многу блиску да избори настап во Лигата на шампионите, а Волфсбург е на прагот да обезбеди учество во квалификациите за Европа Лигата.

Иако традицијата во меѓусебните дуели покажува дека ретко играат ефикасно, само двапати на 8 меча имало три, или повеќе голови, сепак ќе типувам дека ќе биде ефикасно денеска на „Ред Бул“ арената во Лајпциг.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.05)

 

Штутгарт – Баер Леверкузен (Сабота, 15.30 часот)

Ќе биде интересно на „Мерцедес Бенц“ арена во Штугарт во дуел на старите ривали. На домаќините очајно им треба победа, но никако да им се радуваат на бодовите. Имаат четири меча по ред без триумф и што е уште полошо за нив им гостува ривал против кого не победиле дома 9 години.

Баер знае како да игра против Штутгарт и на гостите им треба победа, за да го фатат последниот воз за Европа, па ќе типувам дека ќе ја продолжат серијата успешни настапи кога му гостуваат на Штутгарт.

Предлог тип: 2 (1.83)

 

Вердер – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Слична е приказната и овде како на дуелите меѓу Штутгарт и Баер. Изненадувачки, но Вердер во Бремен има црна серија од пет меча без триумф против Фрајбург кога игра на „Везер“ во Бремен.

Од 2013 година домаќините не можат да се справат со екипата која многу послабо игра на гостински терен, но и не губи во Бремен.

Сепак сезонава Вердер игра многу солидно, кандидат е за настап на евросцената, а Фрајбург некако е демотивиран во последно време. На последните три меча немаат победа, а дебаклот од Мајнц од минатото коло ќе остави трага.

Патем, гостите имаат и многу проблеми со повреди на играчите и очекувам Вердер да ја искористи кризата и отсуството на Петерсен, Шалаи, Кублер… и да победи.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.45)

 

Борусија Дортмунд – Мајнц (Сабота, 18.30)

Во различно расположение двете екипи го чекаат денешниот меч во Бундеслигата. Мајнц го декласира Фрајбург со 5:0 во минатото коло и стаса на чекор до опстанок во најквалитетната германска лига, а Борусија со ист резултат го загуби дербито со Баерн.

Милионерите се уште се во игра за титулата, но сега Баерн е во предност од еден бод, па кикс до крајот на првенството не смее да има.

Борусија има пет домашни победи против Мајнц на последните шест дуели на „Вестфален“, па ќе типувам дека и денеска ќе слави.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.38)

 

- Оглас -

Најнови вести