Баерн без еден од најдобрите играчи ќе игра во осминафиналето на ЛШ

Баерн Минхен од вчера во своите витрини го има и трофејот за светски клупски првак, откако во финалето, минимално со 1:0 го победи Тигрес од Мексико. Европскиот првак ја потврди фаворитската улога и се израдува на трофејот, но остана без еден од своите најдобри фудбалери.

Во 63 минута на повреда се пожали Серж Гнабри. Офанзивниот играч на Баерн заработи повреда на задната ложа, каде подоцна било констатирано дека има скинати мускулни влакна.

Тоа е повреда која бара мирување во следните неколку недели, што станува јасно дека Гнабри нема да може да биде во составот на Баерн за осминафиналните дуели од Лигата на шампионите против Лацио. Првиот меч од осминафиналето во ЛШ, Баерн ќе го игра на 23 февруари во Рим, а реваншот ќе биде во Минхен.

Гнабри сезонава одигра 28 од 32-те меча за Баерн и постигна шест погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести