Стана јасно зошто Кејн го промаши пеналот против Волфсбург (Видео)

Баерн Минхен минимално со 1:0 го победи Волфсбург на гостински терен и тоа благодарение на погодокот на Мајкл Олисе во второто полувреме. Актуелниот германски првак имаше шанса уште во првиот дел да дојде до предност, кога беше досуден пенал во корист на Баерн Минхен.

Очекувано, Хари Кејн ја презема одговорноста да го шутира ударот од 11 метри. Англискиот репрезентативец имаше низа од 24 пенали по ред кои ги имаше реализирано, но против Волфсбург промаши и тоа на голема радост на фановите на Волфсбург.

По завршување на мечот стана јасно дека дефанзивецот на Волфсбург, Жанјуел Белосијан со крампоните од копачката ја ископа тревата кај белата точка од каде се шутира пеналот.

По мечот, самиот Белосијан се пофали дека тој направи Кејн да го промаши целиот гол и да шутира покрај голот. „Да, тоа беше лесно да се направи“, рече дефанзивецот на Волфсбург, Белосијан.

За жал на навивачите на Волфсбург, нивниот омилен тим сепак загуби и остана на 16 место со 26 бодови исто колку што има и 17-тиот Сент Паули. Во последното коло токму овие два тима во директен дуел, на теренот на Сент Паули ќе решаваат кој директно ќе испадне во Втора лига, а кој ќе игра бараж за спас и останување во елитното германско друштво.

Како Кејн го изведе пеналот може да видите ТУКА. 

- Оглас -

Најнови вести