Хорхе Мартин најбрз на трката во Ле Ман

Хорхе Мартин на Априлија Рејсинг триумфираше на трката во Ле Ман во МотоГП, запишувајќи голема победа по извонреден настап.

На самиот старт, водството го презеде Марко Бецеки, пред Франческо Бањаја, кој водеше жестока битка со Педро Акоста. Сепак, трката доби пресврт во 16-от круг, кога Бањаја излета од патеката и практично ги загуби шансите за победа.

Клучниот момент се случи во 25-от круг, кога Мартин, кој стартуваше дури од седмата позиција, успеа да го мине Бецеки и да излезе на чело на колоната, позиција која потоа успешно ја одбрани до самиот крај.

Второто место го освои Бецеки, додека трет заврши Аи Огура.

За Хорхе Мартин ова беше идеален викенд, откако претходно славеше и во спринт-трката, а воедно и негов прв триумф по 588 дена, уште од Големата награда на Индонезија.

- Оглас -

Најнови вести