Баерн без Рибери и Боатенг на „Енфилд роуд“

Франк Рибери и Џером Боатенг речиси сигурно нема да играат за Баерн против Ливерпул утре на „Енфилд роуд“, во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.

Францускиот ас доби син и остана во Минхен, но можно е да ѝ се приклучи на екипата во последен момент, а Боатенг сигурно нема да игра поради здравствени проблеми.

Рибери не играше на првите три меча во 2019 година за Баерн во Бундеслигата, а причината беше повредата на мускулот. На последните три дуели со Херта во Купот, потоа и со Шалке 04 и Аугсбург во германското првенство влегуваше во игра како резерва.

И Боатенг ретко игра на почетокот на оваа година, а беше стартер само против Шалке 04 пред две рунди во германското првенство.

Мечот со Ливерпул ќе се игра утре, од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести