Баерн е фудбалска Вселена – Супер компјутер бира засилувања, реализацијата е лесна задача за Брацо Салихамиџиќ

Баерн Минхен повторно направи блескав преоден рок со одлични трансфери, иако на Баварците им замина првата ѕвезда Роберт Левандовски.

Тоа не можеше да се спречи поради желбата на Кралот на стрелците во Европа да игра за Барселона, а играчите што дојдоа во Баерн се топ-засилувања.

И тоа Баварците го прават на интересен начин, објави „Билд“, со приказна за посебен програм кој ги следи сите варијабли и потенцијален учинок на играчите за кои Баерн е заинтересиран.

Германците го нарекоа Супер компјутер, кој исфрла можни фудбалери како замена за тие што си заминуваат од Баерн, со слични фудбалски карактеристики, стил на игра, начин на којшто ќе се вклопи во тимот, висина на плата…

Потоа на сцена стапува спортскиот директор Хасан Брацо Салихамиџиќ, кој ја прави финалната селекција на засилувања.

Во овој преоден рок се донесени извонредните Садио Мане, Матајс де Лихт, Рајан Гравенберх, Нусаир Мазрауи и големиот талент Матис Тел, кој има само 17 години.

Се очекува да пристигне само уште Конрад Лајмер од Лајпциг и Баерн повторно да затвори супер одработен преоден рок.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести