Баерн експресно отпиша шпански репрезентативец

Алваро Одриосола е на мака во годината во која ќе се игра Европското првенство во фудбал и веќе е отпишан во Баерн, иако пристигна само пред две седмици.

Шпанскиот репрезентативец во овој преоден рок пристигна во Минхен како засилување за десната странична позиција, но не се снајде. Реал Мадрид го испрати на позајмица во Баерн до крајот на оваа сезона откако во 2018 година го купи за 30 милиони евра од Реал Сосиедад.

Алваро не се вклопува во системот на игра на тренерот Ханс Дитер Флик, а патем имаше и незгода и го повреди Иван Перишиќ на тренинг, иако тоа не влијае на неговиот статус во Баерн.

Одриосола, според германските медиуми, покажал тенок квалитет на тактички и технички план, иако е шпански репрезентативец, што е и чудно за играч од таков калибар.

Баерн ќе се обиде да се ослободи од Одриосола во краток рок, а сигурно е дека нема да го задржи откако ќе му заврши позајмицата од Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести