Баерн го дава Алкантара, но бара играч од кој Клоп не сака да се откаже

Баерн Минхен нема ништо против преселбата на Тијаго Алкантара во Ливерпул, но останува со цврст став дека новиот шампион на Англија треба да плати 40 милиони отштета, или да му дозволи на Џорџо Вајналдум да се пресели кај нив и плус да доплати пари.

Раководството на Баерн ја предложи и оваа, втора варијанта за да се заврши сагата со Алкантара, но сега проблем е Јирген Клоп.

Германецот не сака да се откаже од Вајналдум, но ако раководството на Ливерпул го прифати предлогот на Баерн ќе нема многу простор за маневар.

Засега двата клуба се далеку од договор, бидејќи Ливерпул е подготвен да плати 25 милиони евра за Тијаго, а Баерн бара 40 и плиус Јирген Клоп не сака Вајналдум да биде вклучен во размената на двајцата одлични играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести