Баерн го искористи киксот на Дортмунд и дојде на -5

Баерн Минхен со сигурни 3-1 славеше над Шалке во дербито на колото во Бундеслигата, па така „баварците“ ја стопија предноста на Б. Дортмунд на само пет бода, откако „милионерите“ претходно ремизираа со Хофенхајм (3-3).

Автогол на Брума им донесе предност на домаќините во 12-тата минута, а Шалке успеа да израмни во 25-тата минута преку Кутуку. Сепак, веќе во следниот напад Левандовски беше прецизен за 2-1, а конечниот резултат го постави Гнабри во 57-та минута.

Баерн со 14-тата победа во германскиот шампионат сега има 45 бода, пет помалку од лидерот Дортмунд, додека Шалке го претрпе 11-от пораз сезонава и со 22 бода се наоѓа на 13-тото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести