Баерн ја полнеше мрежата на Шалке и се забавуваше – Погледнете ја асистенцијата со рабона на Левандовски (Видео)

Баерн ја полнеше мрежата на Шалке 04, но и се забавуваше на теренот во победата од 8:0 против гостите од Гелзенкирхен во премиерниот меч од новата сезона во Бундеслигата.

Имаше супер акции и голови, Гнабри постигна хет-трик, големото засилување Лирој Сане постигна деби погодок и имаше две асистенции во првиот меч за Баерн, сефте погодок постигна и 17-годишниот Џамал Мусијала, но сите ги засени Роберт Левандовски.

Најдобриот стрелец во минатото издание на Бундеслигата, одигра фантастична рабона во 69. минута, а неговиот суператрактивен потез со гол за 6:0 го награди Томас Милер.

Левандовски имаше ист учинок како и Сане, постигна гол од пенал и имаше две асистенции. Последната асистенција на мечот му беше за деби голот на големиот талент Џамал Мусијала, кој играше прв меч за Баерн и веднаш потврди дека од него во иднина Баварците можат да очекуваат многу.

- Оглас -

Најнови вести