Шалке се спаси од десетка – Фуриозниот Баерн тргна со победа од 8:0 во новата сезона (Видео)

Баерн Минхен го декласира Шалке 04 со 8:0 и најави нов поход кон титулата во Германија, во премиерниот меч во Бундеслигата.

Баварците беа супериорни и гостинот се спаси и од десетка во меч во кој актуелниот германски и европски првак апсолтуно доминираше.

Серж Гнабри постигна хет-трик, а сефте голови во дресот на Баерн постигнаа големото засилување Лирој Сане и тинејџерот Џамал Мусијала.

https://twitter.com/FOOTBALLVISION3/status/1307048887069429760?s=20

Во листата со стрелци се запишаа и Роберт Левандовски, Леон Горецка и Томас Милер.

Баерн интересно го има највисокиот пораз во Бундеслигата, токму од Шалке, загубија во 1976 година со 0:7, но гостите беа далеку од евентуален подвиг вечерва на „Алијанц арена“ во Минхен.

Ова е најубедливата победа во стартен меч во историјата на германското првенство, а малку фалеше Баерн да ја надмине, или израмни највисоката клупска победа во Бундеслигата со 10 гола разлика од 1971 година, кога ја декласираа Борусија Дормунд со 11:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести