Баерн како да немаше голман, Нојер постави антирекорд во ЛШ

Голманот на Баерн, Мануел Нојер, постави антирекорд, прими пет гола без да направи ниту една одбрана.

Последниот голман што направил ваков лош настап во плејоф од Лигата на шампионите беше Ед Де Гои во 2000 година за Челзи во четвртфиналето против Барселона, кога исто така прими пет гола без да има одбрана. 

Нојер стана првиот голман во 21-виот век кој бранел олку лошо во нокаут-фазата од ЛШ. Германскиот ветеран имаше одлично издание на првото четвртфиналето со Реал Мадрид кога имаше девет одбрани на еден меч, но синоќа беше немоќен да ги запре бомбардирањата на актуелниот европски првак. 

Рускиот голман Матвеј Сафонов го бранеше голот на ПСЖ и прими четири гола, според УЕФА имаше три одбрани против Баерн.

- Оглас -

Најнови вести